МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП ЗА ДЕКЕМВРИ: Забави од соништата, силни емоции, креативни планови и неочекувана средба
Овен
Тензиите што многумина од вас ги доживуваа последниов период, лесно ќе ги совладате во декември. Сериозно ќе размислувате за некои прашања и амбициозно ќе почнете со планирање што да промените следната година.
Најубави денови: 2, 14, 30
Најтешки денови: 8, 22
Бик
Во декември ќе бидете неспокојни. Ќе ви биде потешко да ги прифатите активностите на вашите најблиски и друштвото кои претходно сте ги направиле и не е ни чудо што остро реагирате во некои ситуации. Сепак, односите со вашата симпатија ќе бидат потопли во секој поглед.
Најубави денови: 4, 12, 28
Најтешки денови: 6, 24
Близнаци
Ќе се исправите пред некои од претходните проблеми на вашите лични и љубовни односи во кои сте вклучени подолго време. Ќе мислите многу, најверојатно ќе се двоумите и ќе се прашувате како да го направите тоа, но на крај веројатно ќе успеете во намерата.
Најубави денови: 10, 21, 29
Најтешки денови: 14, 19
Рак
Во декември ќе настојувате да ги завршите сите заостанати задачи што сте ги одложиле. Некои од вас ќе добијат желба да направат големи промени во својата соба. Можно е да ви излезе и непредвидливо патување.
Најубави денови: 5, 12, 29
Најтешки денови: 16, 22
Лав
Вашите желби ќе бидат остварени малку потешко отколку што сакате, што ќе ве направи нетрпеливи и уште повеќе иритирачки настроени. Може да не добиете нечие признание или нешто да не се исполни како што очекувате, иако сте направиле се како што требало.
Најубави денови: 2, 18, 31
Најтешки денови: 11,18
Девица
Во декември вашите мисли ќе бидат целосно во духот на завршувањето на старата година и, размислувајќи за Новата, ќе си направите некоја ретроспектива. Дали поривот доаѓа одвнатре или некој настан ве предизвикува да размислите, бидете сигурни дека тоа е сосема во ред.
Најубави денови: 6, 22, 30
Најтешки денови: 16, 29