Метју Тајлер ги потврди гласините: Не е повеќе во љубов со Били Ајлиш, еве што изјави
фото: PageSix
Извор близок до Метју Тајлер потврди за Е!, дека Били Ајлиш неодамна раскинала со него.
На Инстаграм story објавено на 30 мај, Метју им одговори на обожавателите на Били кои го обвинија дека ја изневерува, и зборуваше за ширењето лаги.
„Фактот што илјадници луѓе одвојуваат време во својот ден да ги напишат најодвратните работи за некој што никогаш нема да го запознаат е најкукавичкото нешто што можете да го направите“, напиша актерот. Тој директно се осврна и на гласините за наводното изневерување на били, пишувајќи: „Никој никого не изневерил. Врските завршуваат. Едноставно е. Создавањето гласини и ширењето лаги на Интернет е опасно“.
Додека Метју и Били ја чуваа својата врска приватна, двајцата првпат предизвикаа гласини за романсата минатиот април, кога беа видени како пијат кафе за време на престојот на пејачката во Санта Барбара, Калифорнија. Во јуни 2021 година, обожавателите на Били го обвинијаМетју за расизам и хомофобија поради неговата наводна употреба на навредлив јазик - изразувајќи фанатични ставови за азијците и ЛГБТК + заедниците. После тоа, актерот се извини за своето недолично однесување во минатото.
Контроверзното минато го следи како сенка: Што сѐ знаеме за момчето на Били Ајлиш?