Ми кажаа дека имам уште 10 минути да живеам: Деми Ловато преживеала инфаркт и три мозочни удари
Поп ѕвездата, останатите непознати детали од животот ќе ги открие во документарната серија...
Објавен е првиот трејлер за документарната серија на Деми Ловато, „Dancing With The Devil“, а во него пејачката откри зачудувачки детали.
„Имав три мозочни удари. Имав и срцев удар. Лекарите ми рекоа дека имам уште пет до десет минути“ - рече Деми за нејзиното фатално предозирање во 2018 година.
Лекарот детално ќе зборува за нејзината употреба на дрога во серијата, а ќе се открие и повикот кој бил упатен до брзата помош.
„Јас сум како мачка, имам многу живот. Сега го живеам деветтиот. Подготвена сум да се вратам на она што го сакам, а тоа е музиката“ - додаде таа.
„Јас не го живеам животот за други луѓе или наслови или коментари на Твитер“ - додаде таа.
Документарната серија од 4 епизоди премиерно ќе биде прикажана на 23 март.