Миа Колучи се врати: Луисана Лопилато по скоро 20 години го оживеа ликот по кој сите ја препознаваат

Миа Колучи се врати: Луисана Лопилато по скоро 20 години го оживеа ликот по кој сите ја препознаваат

Објавена во: Филм, YouTube видеа

Поминаа скоро 20 години од првото снимање на аргентиската хит серија „Млади Бунтовници“, која се емитуваше и во нашата држава. Авантурите на Марица, Пабло, Миа, Мануел и нивните соученици и пријатели беа секојдневние на многу тинејџери во 2000 - тите години и сите со нетрпение ја очекуваа новата епизода од оваа тинејџерска серија.

Најголема популарност по завршувањето на серијата доживеа Луисана Лопилато, актерката која го толкуваше ликот на Миа Колучи. Оваа серија беше отскочна даска за таа да засекори во актерските води. Иако ликот по кој е најпрепознатлива е лик на разгалена богата девојка, чиј живот е обоен во розово, денес таа глуми во многу сериозни филмови во кое се снаоѓа подеднакво добро.

На приватно поле таа е сопруга на позантиот канадски музичар Мајкл Бубле, но е и мајка на три прекрасни деца - Ноа, Елиас и Вида Амбер Бети.

Животот го живее во еден здив и често своите следбеници на социјалните мрежи ги известува за важните настани. Особено би го издвоиле моментот кога во 2016 година таа и нејзиниот сопруг споделија дека на нивниот најстар син му бил дијагностициран рак на црниот дроб хепатобластом, но оттогаш тој се опорави.

Откако започна пандемијата, Луисана како и многу други познати личности се приклучи кон јутјуберството и барем еднаш во месецот ги изненадува своите обожаватели со видео. Последното во низата како што и самата истакна е на барање на нејзините верни обожаватели, односно на обожавателите на ликот на Миа Колучи.

Имено, Луисана по скоро 20 години се обиде да го оживее ликот на Миа, а како изгледаше сето тоа и колку беше успешна познатата актерка проценете сами, секако откако ќе го изгледате видеото во продолжение:


Објавена во: Филм, YouTube видеа

Можеби ќе ве интересира: