Миа Костова: Нека не ве фрустрира ако немате сѐ она што го гледате на Инстаграм, колички од 3000 евра што сами се нишкаат
Инфлуенсерката и поранешна водителка Миа Костова објави фотографија од нејзиниот син Андрија кога бил бебе и сега на веќе тинејџерски години.
„Некогаш и јас чував бебе“, напиша Миа на инстаграм приказната.
Со фотографијата Миа сакаше да потенцира дека за да изгледаш дете не ти се потребни прескапи работи како тоа што денес го прават модерните мајки. И со едноставни работи можеш да изгледаш здраво и право дете, на кое ќе си горда мајка.
- Имаше една цуцла;
- Цицаше до 5 месеци ексклузивно;
- Сам заспиваше во креветче од 2 месеци;
- Јадеше блендирано до година ипол и секогаш зготвено дома и тоа 4 оброци;
- Има 12 години и никогаш до сега се нема напиено антибиотик, нема примено кортико ниту бил болен повеќе од 3 дена;
- Никогаш не читав книги за растење деца, пораснав златен дечко … пу, пу така да продолжи.
Поентата на Миа е следна:
„Сакам да кажам, нека не ве фрустрира ако немате сè она што го гледате на Инстаграм или на Тик ток, колички од 3000 евра што сами се нишкаат или 78 тањири прибор за бебе. Ќе порасне, понекогаш и во многу подобар човек од оној во количката која чини колку кола“, беше заклучокот на Миа.
Фото: Инстаграм