Мила Кунис откри како изгледал нејзиниот прв бакнеж: Бев многу заљубена во него
Ештон Кучер и Мила Кунис - познатиот пар кој совршено илустрира што значи љубовта...
Започнаа да се забавуваат во 2012 година, а од тогаш, нивната љубов стануваше сѐ посилна. Се верија во февруари 2014 година, за да се венчаат за време на прекрасната церемонија во јули 2015 година. Сега, тие двајца имаат две деца - ќерката Вајат Изабел Кучер и синот Димитриа и судејќи по сѐ, живеат како во бајка.
Сепак, она што многу луѓе го забораваат е фактот дека овој пар се запозна многу порано и ликовите кои ги глумеа „флертуваа“ многу пред нив. Ештон и Мила всушно првпат се запознале на снимањето на серијата „Весели 70 - ти“, каде Мила ја играше улогата на Џеки, а Ештон улогата на Келс. Во една епизода снимена во 1998 година, нивните ликови се бакнаа. Подоцна, Мила откри дека тој бакнеж со Ештон, нејзиниот сегашен сопруг, всушност ѝ бил првиот бакнеж во животот.
Во едно интервју, Мила призна дека уште тогаш имала симпатии кон Ештон и дека била многу нервозна поради тој бакнеж за време на снимањето:
„Размислував: „Оф, тој е толку сладок, како модел од Келвин Клајн“. А, потоа слушнав дека треба да го бакнам. Бев многу нервозна. Бев многу заљубена во него. Ештон беше многу фин, се шегуваше со мене и ми доделуваше некои симпатични комплименти“.
Ештон сепак не знаел дека тој бакнеж бил првиот на Мила: „Јас сум првиот тип кој таа го бакнала? О, Боже, не знаев! Драго ми е што не знаев, бидејќи и јас ќе бев премногу нервозен. А, и бев нервозен. Таа беше многу кул, делуваше како тоа да го направила илјадници пати порано. Јас имав пеперутки во стомакот. Мислам, тука е таа слатка девојка и јас морам да ја бакнам. Голем притисок!“
Значи, оваа приказна ни зборува дека бајките постојат и дека љубовта навистина може да биде совршена!