Милан Станковиќ нема да стане искушеник - Игуменот донесе одлука: „Мора уште да...“
Станковиќ на крајот на август требаше да ја облече
мантијата и да стане искушник
во манастирот Подмајне во Црна Гора, но тоа нема да се случи.
Милан Станковиќ последниве години не беше експониран во јавноста, па донесе одлука да стави крај на музичката кариера и да се посвети на манастирскиот живот.
Како што пишуваат спрските медиуми, Станковиќ на крајот на август требало да ја облече мантијата и да стане искушеник во манастирот Подмајне во Црна Гора, но тоа нема да се случи.
Имено, монахот од овој манастир за „Курир“ изјави дека треба уште да се усовршува за да го започне животот во манастирот.
-Братот Милан летово не беше во манастирот, беше на големиот велигденски пост. Иако имал, и има желба да оди по монашкиот пат, ставот на игуменот и браќата е дека се уште е рано официјално да биде додаден како послушник, т.е. на нашето братство. Мора да помине повеќе време. Милан мора да научи уште повеќе да се подобрува во трпението и молитвата. Тоа е за негово духовно добро. Милан ја прифати таа одлука како благослов, што е. На отецот игумен му најави дека ќе дојде сега за време на Богородичен пост, да ни помогне во нашето послушание пред празникот на манастирот, кој е на 28 август. Во овој период имаме многу посети и работа, па ќе ни биде од помош - рече монахот, кој се осврна и на престојот на Милан во манастирот.
- Мајката на Милан, сестрата Милена, беше со нас околу еден месец, можеби и малку повеќе. Браќата ги читаа нејзините молитви, а јеромонахот ја помаза со свето масло. Сестра Милена редовно присуствуваше на црковните служби со својот син. Моќта Божја се јавува во слабост, па и таа уживала во престојот овде и добила духовно и телесно зајакнување. На Милан му беше многу важно да ја доведе мајка си кај Бога и во црквата. Чудото што го доживеа овде му отвори нови духовни хоризонти - заклучува соговорникот.
Фото:milanstankovic/instagram