Милена застана рамо до рамо со мајсторите на овој тежок занает: 19 - годишната девојка ги руши сите предрасуди
Уште од мала била поинаква од своите врснички и наместо да си игра со кукли, таа си играла со алати од работилница...
Приказната за 19 - годишната Милена Неговановиќ од селото Горња Шаторња кај Топола, која е една од ретките девојки која се одлучила да биде заварувач, пред неколку месеци го заобиколи соседството. Оваа вредна и необична девојка сега ја доби и својата прва официјална работа во една голема компанија во Крагујевац и е горда што застанала рамо до рамо со искусните мајстори на овој занает, за кој преовладува мислењето дека е исклучиво за мажи.
„Неколку пати бев со ситуација да ми кажат, ти си девојка која нема да можеш да работиш, тешко е. Имаше многу такви предрасуди, па мислев дека ќе биде исто и кога отидов на разговор во Крагујевац. Имав голема трема, многу луѓе ја следеа и оценуваа мојата работа, а јас давав сè од себе. Откако ја завршив одредената задача поврзана со заварувањето слушнав само дека ми кажаа дека сум веднаш примена. На мојата среќа ѝ немаше крај“ - раскажува Милена, која од 1 март од раните утрински часови е на своето работно место.
Уште од малечка била поинаква од своите врснички и наместо со кукли, таа си играла со алатот што се наоѓал во работилницата што е блиску до нејзиниот дом. Кога требало да одлучи во кое средно училиште ќе се запише, наместо во некое за готвење, за шиење или за слаткарски занает, таа се одлучила да биде заварувач. Па, нејзиниот татко често се шегува со неа, велејќи: „ќерко, ти си синот на тато“.
„Таа беше одлучна да го заврши тоа и ние како родители ѝ бевме поддршка. Горди сме на неа, бидејќи навистина е прекрасно и вредно дете. Малку сме и уплашени поради видот на работата со која се занимава, бидејќи да се биде заварувач воопшто не е лесно, но таа секогаш го дематира нашиот страв, бидејќи е одличен мајстор“ - вели Радисав, таткото на Милена.
За да ја завршува својата работа без грешки, Милена има полна работна опрема, сите потребни апарати и заштитна маска. Додека не добила официјална рбаота таа заварувала по селото во кое живее, и за тоа време станала еден од најомилените мајстори во околината на Топола.
„Најважно нешто додека работите е раката да ви биде мирна и така влечете лево десно, во зависност од тоа што заварувате. Понекогаш не се гледа секоја ситница под заштитната маска, но сепак веќе се навикнав“ - посочи таа.
Голема поддршка на оваа младата дека ѝ е и нејзината мајка Радана, која ниту во еден момент не се обидела да спречи Милена да се занимава со оваа тешка работа и потполно ја разбира, иако посакала кецелата да ја замени со апарат за варење.
фото: RINA