Миленичката на Исидора одбелжа една година без мајка ѝ: Вила Пајкиќ сподели фотки со кои расплака многумина
Додека Лав Глигорије го знаеме сите, Вила Еванџелина Пајкиќ не се експонира јавно, а беше миленичка на Исидора Бјелица...
На 5 август, минатата година овој свет го напушти Исидора Бјелица, писателката и водителка. Таа беше во брак со Небојша Пајкиќ, со кој доби две деца, Лав Глигорије и Вила Еванџелина. Нив тројца, по смртта на Исидора, ретко ги гледаме во јавноста, но затоа понекогаш споделуваат по некоја семејна фотографија.
Додека Лав е познато лице, Вила не се експонираше јавно досега. Брат ѝ своевремено се пофали дека станала бруцош, на Инстаграм е повремено активна, но Исидора често на социјалните мрежи покажуваше како тие две го поминуваат заедничкото време.
„Мила моја, среќен ти роденден, ти посакувам Божјата благодет да биде секогаш со тебе... Знаеш колку ме боли што последните четири години ги помина во болници во постојан страв и грижи. Додека другите девојчиња спиеја мирно, ти ноќи и ноќи ја негуваше болната мајка. Додека другите девојки одеа на спорт, ти со часови и часови седеше на хемотерапија, но мила моја, низ сето тоа страдање научивме за љубовта повеќе отколку што би ни донел среќниот живот здравје и изобилство“ - ѝ посака Исидора на својата миленичка во една прилика.
Исидора се фалеше и со талентот на Вила за цртање, љубовта кон уметноста, а тие две беа многу поврзани. Тоа се гледаше и по тоа што Исидора имаше голема љубов кон шеширите, а истата ја има и Вила.
Лав откри дека Вила тешко ја поднела загубата на мајка ѝ.
„Мама ни беше сѐ во животот. Беше вклучена во секоја наша одлука. Остана огромна празнина. Мојата сестра Вила, ми се чини дека е најмногу погодена. Мајката и ќерката имаа посебен однос. Добро се разбираа“ - кажа Лав.
Вила на годишнината од смртта на мајка ѝ сподели неколку фотографии со кои расплака многумина, а во прашање се спомени со Исидора, нивни заедни фотографии, фотографии нивното детство и младост...