Мили Боби Браун е во врска со синот на најпознатиот рокер во светот: Џејк и актерката се „уловени“ на улиците во Њујорк
Младата актерка, Мили Боби Браун, веќе еднаш ги заинтригира медиумите со својот љубовен живот, кога пред три години беше во врска со пејачот Џејкоб Сарториус. Иако сè изгледаше совршено тие на крајот раскинаа, но останаа во добри односи. До август минатата година беше во осуммесечна врска со британскиот рагбист Џозеф Робинсон. Сега е во врска со синот на познатиот пејач Џон Бон Џови, Џејк Бонгиови.
Имено, тие се видени на 17 јуни на прошетка по њујоршките улици, држејќи се раце, додека кучето на Мили, Вини бил во чанта. Ова е првпат да се фотографирани заедно во јавност од кога започнаа озборувањата за нивната љубов.
#milliebobbybrown y Jake Bongiovi en Nueva York #StrangerThings pic.twitter.com/iLvuTWVtkB
— UNIVERSO CINE (@darmatixsos) June 20, 2021
Мили во март започна да става лајкови на објавите на Џејк, а тој ѝ возврати дури следниот месец. На почетокот на јуни, Џејк сподели заедничко селфи од автомобил со опис „БФФ<3“, а Мили искоментира на оваа објава.
Џејк себе се опишува како актер на Инстаграм, иако сè уште го нема на екраните.