Мили Боби Браун има нова фризура: Дали е поради новата улога?

Мили Боби Браун има нова фризура: Дали е поради новата улога?

Објавена во: Мода // Moj стил

Мили Боби Браун направи промена во фризурата. Ѕвездата на „Stranger Things“ пред неколку дена ја покажа новата фризура, а обожавателите мислат дека можеби во прашање е трансформација за нејзината претстојна улога во новиот трилер на Нетфликс. Неодамна актерката на Инстаграм објави фотографија од својот нов изглед - слатка боб фризура, со кратки, испрекинати шишки.

Под фотографијата, Мили додаде интересен опис: „Веќе пораснав, само стареам“.

 Истата за брзо собра неколку милиони лајкови и коментари од обожавателите кои се воодушевени поради големата промена. Неколку обожаватели искоментрираа дека нејзината фризура изгледа неверојатно слична на онаа од насловната страница на книгата „The Girls I've Been“ од Тес Шарп. Мили потпиша договор за главната улога на Нора О'Милеј во адапцијата на Нетфликс. Нора е ќерка на измамник кој е држен во заложништво и мора да го искористи својот ум за да избега и да преживее.

Судејќи по насловната страница, фризурата на Нора е слична како на Мили - затоа не може да изненади фактот што обожавателите се сомневаат. Филмот моментално е во претпродукција, така што логично е дека актерката го промени својот изглед за да се прилакоди на ликот кој го толкува сега.


Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: