Мили Боби Браун официјално ја потврди врската: Во љубов е со синот на еден од најпознатите пејачи на светот
Тие се прекрасен пар!
18-годишната актерка досега не го криеше момчето, но ова е првпат и официјално да го претстави на црвениот килим. Некои мислеа дека се добри пријатели, но ова е потврда дека се во врска.
Минатиот викенд Мили Боби Браун за првпат беше на познатото британско филмско доделување на награди - BAFTA. Сите погледи беа вперени на црвениот килим и фустаните во кои ќе се прошетаат актерките. Мили не само што воодушеви со модната комбинација, бидејќи фустанот ѝ изгледаше навистина гламурозно, туку погледите ги мамеше и поради својата придружба.
Ова е првпат на некој црвен килим да дојде со момче, за кое обожавателите не беа 100 проценти сигурни дека навистина ѝ е момче. Сега сите гласини и официјално ги потврди. Во врска е со Џејкоб Бонџови.
Тие се навистина преслатки. Но, кој е тој? Иако неговото име не е познато, многумина би можеле да помислат дека станува збор за личност која не е популарна. Но, татко му на Џејкоб е еден од најпознатите пејачи на светот - Џон Бон Џови.
Минатото лето беа за првпат забележани заедно, но тогаш само што почнаа да се гледаат и никој не беше сигурен дали се заедно или не. Ова сега е првпат официјално да се појават некаде како двојка, што во светот на познатите личности е навистина голема работа.
фото: Принтскрин / Инстаграм