Мили Боби Браун се запиша на факултет: Еве што ќе студира една од најпопуларните млади актерки

Мили Боби Браун се запиша на факултет: Еве што ќе студира една од најпопуларните млади актерки

Објавена во: Совети // School zone

Само затоа што е многу позната актерка не значи дека не сака да го продолжи своето образование...

Многу пати сме прочитале дека некои познати личности го стопирале своето образование кога кариерата почнала да им цвета. Тука има и исклучоци, а Мили Боби Браун е една од нив. Иако на е на врвот од својата кариера, таа ќе почне да студира. И не, нејзиниот избор не е глумата.

Мили Боби Браун е една од најголемите актерски ѕвезди во подем. Откако се појави во „Stranger Things“ кариерата ѝ оди само по нагорна линија. Неодамна наполни 18 години, заврши средно училиште и без оглед на успехот во глумата, одлучи дека сака да се запише на факултет. За „Allure“ откри дека тоа сега го направила и дека се запишала на универзитетот Пердју во Индијана, САД.

Секако, не може да ја посетува наставата во живо, как опоради своите актерски обврски, ткаа и поради тоа што би предизвикала општо лудило на наставата. Така што, Мили ќе студира онлјан, но и тоа е голема работа.

Одлучила дека сака да студира на насока, која кај нас би била „социјалната работа“. Сака да учи за тоа како да им помогне на другите, особено на младите луѓе. Со оглед на тоа што и самата имала проблеми во животот со лошите личности поради кои носела нездрави одлуки и се наоѓала во токсични ситуации, сега сака да им помогне на другите, но пред тоа сака да се едуцира, за да биде што подобра. Иако на факултет сигурно ќе ѝ прогледуваат низ прсти, бидејќи таа е сепак Мили, на младите им испраќа порака дека без оглед на сѐ, мораат да стават фокус на својата едукација. Не е првпат оваа актерка да ја користи својата популарност за да испрати некоја добра порака на своите млади обожаватели.

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Совети // School zone

Можеби ќе ве интересира: