Милијардер објасни како ги воспитува децата да бидат амбициозни и успешни: Ова може да го примени секој родител

Милијардер објасни како ги воспитува децата да бидат амбициозни и успешни: Ова може да го примени секој родител

Објавена во: Совети // Семејство

Богатите прават речиси сè на поинаков начин од просечните луѓе. Затоа, воопшто не е чудно што тие имаат различни ставови за родителството и воспитувањето на децата. Богатите не ги учат децата само на паметни финансиски навики, туку ги учат дека секој може да биде богат ако доволно сака и работи напорно.

Вака неодамна еден милијардер објасни како ги воспитува своите деца за паметно да ракуваат со парите.

„Кога имаа шест години им давав пет долари неделно. И тие мораа да водат евиденција. Три долари за трошење, еден долар за позајмување и еден долар за заштеда. Кога ќе излеземе и ќе ме прашаат, тато дали ќе ми купиш пијалок, им одговарав: „Имате свои пари, зошто сами не ги купувате? Потоа размислуваат и велат, не, не можам да си го дозволам тоа“, објаснил милијардерот, а потоа додадел:

„Мајка ми велеше, синко, направи се што можеш во твоите дваесетти. Во триесеттите сфати што правиш најдобро, а во четириесеттите научи да заработуваш од она што најдобро го правиш", објаснил милијардерот.

Затоа, на децата не треба да им се купува сè што сакаат за да научат дека треба да се работи за добри работи во животот. Исто така, децата треба да научат што е неопходност, а што луксуз, како и до каде треба да одат нивните желби и фантазии. На овој начин децата учат што се тоа проритети.

Фото: Фрипик
Извор:blic.rs


Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: