Милош Биковиќ откри дека е Македонец: Убавиот актер е од Берово

Милош Биковиќ откри дека е Македонец: Убавиот актер е од Берово

Објавена во: Совети // Семејство

Познатиот актер од Србија, шармантниот Милош Биковиќ, кога беше гостин во „лајв“ на Инстаграм на магазинот Бекстејџ, откри дека по потекло е од Македонија, односно дека неговиот дедо по татко е од Берово, и дека претходно се презивале Биковски. Презимето го промениле во Биковиќ, поради барањето на Тито - сите оние кои се декларираат како Срби и живеат во Србија да си го променат презимето.

Во претходно интервју, Милош раскажуваше за односот со мајка си, и со брат му кој е монах

Српскиот актер, во моментов е најактуелен на Балканот со хит серијата „Јужен ветар“, и е еден од најплатените актери во Русија. Тој во интервју за тамошниот магазин „Esquire“ објасни детали од својот приватен живот, а и за односот со мајката и братот.

Постариот брат на Милош, Михаило Биковиќ е старешина во манастир.

- Мојот брат отиде во манастир кога имаше 22 години, а студираше со потомците на руските емигранти кои дојдоја во Србија по Октомвирската револоција. Важно ми е да кажам дека со него зборувам како со брат, но секогаш се сеќавам дека е сепак монах кој животот му го посвете на Бога. Понекогаш во разговорите сакам да му противречам, но наместо тоа секогаш му велам „ќе размислам за твоите зборови“- раскажува убавот актер кој сега живее во Русија.

Неговата мајка имала различен пристап кон актерската кариера на Милош.

- Нејзе мојот успех не ѝ е многу важен. веруваше дека ќе станам глумец, но не ме храбреше доволно во тоа. Кога мојата кариета тргна во нагорна линија, таа ме поддржа.

Тој откри дека од првиот голем хонорар ѝ купил стан на мајка си во Белград.

- Растев во Карабурма, а често се селевме бидејќи немавме свој стан. Мојата фамилија некогаш била многу богата, но после Втората светска војна поради нацонализацијата изгубивме сè. Тато некогаш беше директор на голема австриска фирма и заработуваше многу пари, но јас не живеев богат живот. Мојот брат го почувствува тоа- раскажа Биковиќ во интервјуто.


Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: