Милош Биковиќ за Украина: Од познатите се бара да имаат став за сѐ, тоа е тиранија

Милош Биковиќ за Украина: Од познатите се бара да имаат став за сѐ, тоа е тиранија

Објавена во: Живот // Живот

Српскиот актер кој веќе некое време работи во Русија, Милош Биковиќ, гостуваше во една емисија во која проговори и за војната во Украина.

Биковиќ неодамна од Русија се врати во Белград, каде гостуваше во емисијата „Око“, истакнувајќи дека е неправедно што јавните личности веднаш мора да имаат став за некои случувања во светот.

„Тоа е тиранија кон јавните и познати личности кои мораат, и тоа веднаш мораат да преземат акција, не можат да размислуваат, да почекаат, туку веднаш за секое прашање што гори и што се наметнува да имаат заземан став. Во ситуации кога јавно лице не зазема став, тогаш се вади од контектст културата и уметноста и го ставаат во контекст на дневно-политички борби и поделби“ - кажа тој.

Потоа додаде дека неколку пати бил во Украина, а во Одеса го снимал својот прв руски филм.

„Го доживувам лично тоа што се случува, како и многу мои пријатели таму, а ние како народ имаме во своето искуство и во своите сеќавања конфликт и знаеме колку е тоа болно и тешко, иако не сте директно во опасност или некој ваш или некој кој го познавате, или некој кој е познаник на вас познаник. Доволно е тоа некако да се рефлектира на вас“ - кажа.


фото: Принтскрин / Јутјуб

Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: