Минатата година доживеаа трагедија: Ќерката на Роналдо и Џорџина на итна операција
Како што вчера објавија странските медиуми, Кристијано Роналдо и неговата свршеница Џорџина Родригез биле во болница во Ријад, каде што биле тајно снимени од присутните, иако тоа бил многу тежок момент за родителите на девојчето
Двојката била во болница за операција на нивната ќерка, која наводно била на итна операција поради слепо црево.
Порталот „First Sportz“ пишува дека операцијата поминала добро и дека девојчето се опоравува, но нејзините родители сакале да бидат со неа во секој момент.
Сè уште не е познато која од ќерките на Роналдо е хоспитализирана, а двојката има три ќерки – Ева, Алана Мартин и Бела Есмералда, а ги имаат и синовите Матео и Кристијано Јуниор. Од нив, само Алана и Бела се биолошки деца на Џорџина, но таа се грижи и за другите деца на фудбалерот и заедно ги одгледуваат.
— The CR7 Timeline. (@TimelineCR7) May 2, 2023
Cristiano Ronaldo in a hospital in Riyadh for his daughter's appendix operation. pic.twitter.com/xbPdU679ff
Минатата година парот загуби едно дете, кога по близначка бременост се роди само Бела Есмералда, додека нејзиниот брат Анхел не преживеа. Роналдо и Џорџина разговарале за загубата на бебето, а убавицата во својата документарна серија „Јас сум Џорџина“ открила дека пред тоа имала три спонтани абортуси.
- Многу се плашев на секој ултразвучен преглед пред раѓањето на близнаците, бев напната затоа што веќе имав доживеано три спонтани абортуси - рекла таа.
Џорџина тогаш изјави дека таа и Роналдо немаат срце да им кажат на децата дека го изгубиле својот брат.
- Бидејќи сè уште имав стомак, им реков дека Анхел допрва чека да се роди - низ солзи изјавила Џорџина. - Потоа Кристијано им кажа дека Анхел е во рајот. Тоа беше удар на на реалноста.
Извор: glossy.espreso.co.rs