Мини ѕвезди на Инстаграм кои се милионери: Со една објава заработуваат повеќе отколку за цела година

Мини ѕвезди на Инстаграм кои се милионери: Со една објава заработуваат повеќе отколку за цела година

Објавена во: Мода // Moj стил

Овие деца заработуваат толку пари што никогаш повеќе во животот не мора да работат...

Мини инфлуенсерите, како што често ги нарекуваат се сѐ повеќе популарни, а додека психолозите го истражуваат овој феномен, нивното богатство само расте.

Овие деца со само една објава на Инстаграм заработуват повеќе отколку за цела година.

Помеѓу децата кои се популарни на Инстаграм се најде и Еверлај Роуз Сутас, која на само 7 години е милионерка. Нејзиниот профил го води нејзината мајка, која е модна блогерка и фотограф од Лос Анџелес. Еверлај има 5.1 милиони следбеници, а има и свој Јутјуб канал. Таа за една објава заработува помеѓу 5 и 15 илјади евра.

Зад неа не заостануваат ниту овие дечиња. Во продолжение е листата на најплатени мини ѕвезди на Инстаграм:

# Ели Лајвли МекБрум 

Четиригодишната Ели, ќерка на кандската катерка Кетрин Паиз и американскиот кошаркар Остин МекБрум е втора на листата, а заработува помеѓу 5 и 10 илјади евра за една објава. Има пет милиони следбеници и во просек по милион лајкови. Ели често се фотографира со својата сестра, едногодишната Алаја, која е на петтото месот на оваа листа и братот Стил, кој има само 3 месеци, а веќе има милион следбеници.

# Семејството Штауфер

Слатките петгодишни близначки Ема и Мила од Аризона, се ѕвезди на Инстаграм профилот на нивната мајка Кети Штауфер, а се проценува дека заработуваат од 5 до 10 илјади евра за една спонзорирана објава. 

# Тејтум и Оклеј Фишер

Четиригодишните близначки Тејтум и Оклеј тргнаа по стапките на своите родители, јутјуб ѕвездата Медисон Бонтемпо и Килер Фишер. Овие сестри може да заработат помеѓу 3 и 5 илјади евра за една објава. Имаат 3.1 милион следбеници и во просек имаат по 187.570 лајкови на една објава.

# Алаја Мари Мекбрум 

Сестрата на второрангираната има свој профил на Инстаграм со 2.8 милиони следбеници. Се проценува дека по објава може да заработи од 1.500 до 5.000 евра и во просек има по 722.359 лајкови. Интересен е фактот што на Инстаграм добила профил две недели по раѓањето.


Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: