Министерот ја соопшти точната бројка на ученици заразени со корона во Србија во претходните 15 дена
Во првите две недели наставата во основните и средни училишта, од коронавирусот се заразени вкупно 52 ученика и 20 вработени, вели мистерот за образование Младен Шарчевиќ и додава дека станува збор за спорадични случаи, доколку се знае дека во училиштата во Србија имаат околу 850.000 ученици.
Тој за ТВ Пинк прецизираше дека во 1.250 основни училишта во Србија се заразени 25 ученици и дека од тој број шест ученици не оделе на училиште.
„Во Белград се заразени 16 ученици, потоа има спорадични случаи во Сомбор, Нов Пазар, Зајечар, Врање, Ниш, Лесковац“ - нагласи тој и додаде дека во основните училишта заразени се и седум наставници.
Министерот наведе дека децата во училиште доаѓаат со маски, дека одржуваат дистанца, дека наставниците завршиле одлична работа и дека училиштата денес се најбезбедното место, каде можноста за пренесување на заразата е многу помала отколку во парковите, спортските терени, каде што децата се подолго време.
Шарчевиќ уште еднаш апелираше на поединците да не ги фотографираат и снимаат децата во училиште, бидејќи тоа е забрането со закон и исто така напомена дека просветната инспекција секојдневно контролира дали се спроведуваат превентивните мерки во училиштата.