Министерот Венко Филипче со промена на профилната фотографија апелираше: Не заборавај маска

Министерот Венко Филипче со промена на профилната фотографија апелираше: Не заборавај маска

Објавена во: Мода // Moj стил

„Задолжително носење на маски или заштитна опрема (бандана, шал или друг вид прекривка на носот и устата), секаде при престој на отворено, затворено во било кои јавни објекти, на работно место, и во јавен и приватен транспорт.“ - е една од новите мерки, кои ги предложи Комисијата за заразни болести.


За важноста на оваа мерка уште еднаш потсети и министерот за здравство Венко Филипче. Тој на својот Фејбук ја промени профилната фотографија. Старата фотографија ја замени со нова, на која е со заштитна маска.


Исто така утрово сподели уште една објава во која го потенцираше НОВИОТ НАЧИН НА ЖИВОТ.

„Заборавив веќе не е оправдување. Заборавањето на основните мерки за заштита може да биде фатално. Не забораваш клучеви, телефон и пари? Не заборавај маска, дезинфекција и да држиш дистанца. Едноставно е.“  - стои во објавата на министерот.


Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: