Мириса ли на нова љубов: Ќе завршат ли заедно Ким Кардашијан и Дрејк?

Мириса ли на нова љубов: Ќе завршат ли заедно Ким Кардашијан и Дрејк?

Објавена во: Совети // Boys and Girls

Раперот Дрејк наводно „фрлил“ око на Ким Кардашијан, тврди избор близок до него за „Heat“.

Изворот тврди дека Дрејк се надева на можност кај Ким што таа официјално се разведе од Канје Вест, со кој има четири деца.

„На Дрејк никогаш не му беше јасно што гледа Ким во Вест. Со години зборуваше дека тој не е за неа и дека Ким ќе заврши со солзи“ - посочи изворот.

Тој додаде дека Дрејк започнал да ѝ испраќа пораки на Ким штом слушнал дека таа поднела барање за развод на бракот во февруари.

„Го изненади тоа што ѝ требаше толку време за да сфати, а пораките започна да ѝ ги испраќа штом му стана јасно дека разводот е неизбежен. Подготвен е да се сретне со неа штом таа го посака тоа и уверен е дека истото ќе се случи многу брзо“ - тврди изворот, близок до раперот.

Дрејк и Канје веќе имаа вербални расправии, но воглавно беа поврзани со Ким. Обожавателите веруваат дека Дрејк во неколку свои песни алудирал на тоа дека имал сексуални односи со Кик, а на Канје не му се допаднало тоа што раперот никогаш не ги демантирал.

И самата Ким во 2018 година мораше да демантира дкеа имало било каков однос со канадскиот рапер.

„Никогаш не се случило. Крај на приказната“ - рече ѕвездата тогаш.


Објавена во: Совети // Boys and Girls

Можеби ќе ве интересира: