Мислела дека нејзината 12-годишна ќерка е бремена, а потоа лекарите откриле ретка дијагноза при скенирање

Мислела дека нејзината 12-годишна ќерка е бремена, а потоа лекарите откриле ретка дијагноза при скенирање

Објавена во: Совети // Семејство

„Чудовиштето со коса, заби и коски“ било тешко како новороденче...

Звучи како нешто од хорор филм, но 12-годишната Руби Меј, според нејзината мајка, има „чудовиште што расте во нејзиниот стомак“.

Нејзината мајка Сара Дејвис (42) итно ја однела во Доминиканската Република кога нејзината ќерка се пожалила на болки во стомакот. Мајката, која се преселила од Обединетото Кралство, била загрижена дека нејзиното девојче е бремено, бидејќи нејзиниот стомак бил отечен, а болките личеле на она што таа го опиша како породување.

Но, скенирањата откриле дека Руби Меј има редок вид тумор на герминативните клетки наречени тератом - кој може да содржи заби, коса и коски. Тератомите се составени од ткиво од сите три герминативни слоеви - мезодерм, ектодерм и ендодерм - кои се јавуваат за време на формирањето на ембрионот.

Цистичните форми на тератом се трансформираат во различни типови на специјализирани клетки како коса, мускули и коски. Овие тумори обично се откриваат при раѓањето, но тоа во Руби Меј растело неоткриено со години. Лекарите се посомневале дека туморот се развил додека била во утробата и за среќа не е канцероген. Но, тоа толку многу пораснало што и пукнало слепото црево, што можело да биде опасно по живот.

Руби Меј итно била однесена на операција за отстранување на туморот тежок три ипол килограми - исто како новороденче. Таа добро закрепнала од операцијата и Сара се надева дека ќе ја подигне свеста кај другите родители.

Сара, учителка по потекло од Нотингем во ОК, рече:

- Беше толку страшно кога ја однесов во болница. Знаев дека сè уште не е сексуално активна, но сепак ми падна на ум. Кога го погледнав нејзиниот отечен стомак во болница, реков: „Сакаш да ми кажеш нешто?“. Едноставно не можев да верувам дека има тумор сите тие години. Немавме апсолутно никаква идеја или предупредување за тоа. Руби Меј беше „совршено здраво“ дете кое немаше никакви симптоми за порано да се открие што било – вели Сара и додава:

- Беа околу пет-шест лекари од различни оддели кои дојдоа да ја прегледаат. Штом ќе го слушнете зборот тумор почнува да ве фаќа паника. Но, лекарите не уверија дека овој не е канцероген. И покрај тоа што е бениген, огромната големина на туморот предизвика внатрешно оштетување. Тој порасна толку голем што го притискаше нејзиниот слепото црево и предизвикува пукање, што може да шири инфекција низ телото и е потенцијално опасно по живот. Беше многу страшно, но таа беше толку храбра. Мислевме дека ќе биде во болница со недели, но многу брзо закрепна. Таа стана и отиде на прошетка 12 часа подоцна и можеше да си оди дома по неколку дена, вели таа.

Фото: Freepik.com
Извор: Оna.telegraf.rs


Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: