Мислев дека моето семејство ќе се откаже од мене: Искуство на тинејџерка која забременила на 14 години

Мислев дека моето семејство ќе се откаже од мене: Искуство на тинејџерка која забременила на 14 години

Објавена во: Совети // Семејство

Таа сака да ја искористи својата приказна за да им помогне на младите девојки кои се наоѓаат во иста ситуација

Пред да почнете да ја осудувате неа, или која било друга девојка што ќе ја видите како забременува додека таа е сè уште во средно училиште, треба да ја слушнете нивната приказна. Оваа млада мајка сака да ги поддржи сите на кои истото и им се случува.


Три месеци се залажувала дека тоа не е вистина, бидејќи имала само 14 години, а на 14 години девојчињата не забременуваат. Меди поминала низ кошмар, а денес, 5 години подоцна, отворено зборува за своето искуство бидејќи сака да им помогне на младите девојки кои им се случува истото. Тинејџерските бремености се случуваат и најчесто девојките на кои им се случува тоа наидуваат на многу осуди од околината и од пријателите и од семејството. Меди забременила на само 14 години. Таа потекнува од едно гратче во Тексас, каде, како што рече, на училиште не се зборува многу за заштита и нема сексуално образование. Единствениот совет што им го дале било „не правете го  тоа“. Се разбира, ова не е совет што ќе помине. Иако денес знае дека е глупава, тогаш мислела дека е тешко да забремени и дека тоа не се случува така лесно. И тогаш и се случи. Со првиот дечко што го имаше. На 14 години.


Многу брзо сфатила за што се работи бидејќи престанала да и доаѓа менструација, но не сакала да признае. Три месеци ги лажела мама ѝ и сите, додека не завршила на лекар бидејќи не се чувствувала добро. Едно нешто од кое најмногу се плашела во целата оваа приказна е дека нејзиното семејство ќе ја избрка од дома и ќе се откажат од неа бидејќи видела дека тоа се случува. Кога докторот ѝ ја кажал вистината на нејзината мајка, Меди мислела дека тоа е тоа. Но, нејзината мајка и целото потесно семејство ѝ дадле поддршка за која не ни сонувала. Таа ја раскажа целата своја приказна во видео на YouTube.


Денес има 19 години, ќерка и 4 и е среќна, но не ѝ било лесно на 14. Други тинејџери ја исмејувале и ја нарекувале со секакви имиња, но таа имала поддршка од семејството, а тоа била најмногу важна работа за неа. Иако била бремена толку рано, не го напуштила училиштето и набрзо се запишала на факултет, а нејзината ќерка во градинка.

Таа знае дека многу девојки не се толку среќни како неа и дека немаат таква поддршка, дека се плашат и дека се им се врти во главите. Затоа одвреме-навреме ја раскажува својата приказна од почеток.


Фото: Инстаграм

Видео: Youtube

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: