Мистерија, хорор, трилер- филмови и серии кои ќе ве внесат во духот на “Ноќта на вештерките“

Мистерија, хорор, трилер- филмови и серии кои ќе ве внесат во духот на “Ноќта на вештерките“

Објавена во: После „Школо“ // PR

31 Октомври е наменет за страшните сцени. Време е за преплашување и прогонства, за трикови, добри филмски гледишта за темната и бурна ноќ.

Без разлика дали сакате паранормални суштества, сериски убијци или морничави маскирани фигури, на Gley има филмови за секого. Неверојатен избор на прогонувачки приказни кои ноќе ќе ве држат будни со кои можете да го доловите духот на оваа `страшна` ноќ. Следи нашата листа на препораки од 5 класици и хит серии, наслови совршени за Ноќта на вештерките.

,,Carrie“

Кери е американски натприроден хорор филм од 2013 година во режија на Кимберли Пирс. Ја разработува приказнaта за повлечена тинејџерка која живее со својата мајка, верски фанатик. На матурскиот бал, нејзините соученици и приредуваат невкусна шега која предизвикува голем гнев кај Кери. Нејзините телекинетички способности доживуваат врв и таа тргнува да ги казнува сите кои ќе и се најдат на пат. Филмот е филмска адаптација и римејк на адаптацијата од 1976 на истоимениот роман на Стивен Кинг од 1974 година.

Улоги: Џулијан Мур, Клои Грејс Мортз, Габрела Вајлд, Порита Даблдеј...

,,When She Wakes“

Кој ве набљудува додека спиете? Трилер, мистерија, хорор. По трагичната смрт на својот син, за која се обвинува себе си, Дани и нејзината ќерка развиваат застрашувачки пореметувања во спиењето. Овие кошмари стануваат премногу вознемирувачки бидејќи создаваат јаз во сопствената реалност што предизвикува мајката да верува дека некој или нешто ја гледа како спие секоја вечер. Наскоро застрашувачките визии од нивните соништа почнуваат да се манифестираат во злобна реалност, оставајќи ја мајката ранлива, обидувајќи се со сè што може да го заштити своето семејство од несаканиот натрапник.

Улоги: Стела Карлиш, Конард Гуд, Никола Ламбо, Мич Паркер..

„Црна свадба“

Српска хит серија која нуди возбуда, напнатост, мистерија, и елементи на хорор. Приказна  во која публиката нетрпеливо  ја очекува следната епизода. Дејството започнува во мало село во Србија каде Митар, човек со мирен и благ карактер, еден ден на брутален начин убива дванаесет соседи, пред да пука во својата глава изустува зборови, кои имаат врска со влашката магија, за која се смета дека е исклучително моќна. Дејството продолжува со откривање на мотивот за овој масакр. Дали ова е психијатриски случај или зад ова злосторство се крие нешто друго?

Улоги: Јелена Ѓокиќ, Уликс Фехмиу, Никола Којо, Тони Михајловски, Небојша Миловановиќ...

,,Певачица“

Темата на серијата,,Певачица“ е, исто така, влашката магија, која донекаде се базира на трагичната смрт на познатата печајка Јелена Марјановиќ (Крсмановиќ) во 2016 година. Исто како и во случајот на Јелена, магијата се појавува како главна причина за несреќата на пејачката Ивана Лазиќ во оваа серија. Имено, Ивана Лазиќ, желна за успех на сцената, влегува во темниот свет на влашката магија, а цената ќе биде висока - нејзиниот живот!

Улоги: Милица Павловиќ, Милош Тимотијевиќ, Јелена Мур, Златан Видовиќ...

,,Prince of darkness“

Принцот на темнината е американски натприроден хорор филм од 1987 година, напишан и режиран од Џон Карпентер. Филмот следи група студенти по квантна физика во Лос Анџелес од кои е побарано да му помогнат на католичкиот свештеник во истражувањето на древен цилиндар со зелена течност. Свештеникот Лумис открива дека исконското зло направило скривалиште во подрумот на старата црква. За кого е скривалиштето? Дали тое е олицетворение на Сатаната? 

Главните улоги ги толкуваат: Доналд Прајнс, Виктор Вонг, Џејмсон Паркер и Лиза Блаунт.

Многу повеќе наслови кои се на мрачната страна, на ноќта, на мистиката, со превод, без реклами, може да погледнете на првата македонска стриминг платформа Gley. Содржините се достапни на апликациите за вашиот на Smart TV, таблет, смарт телефон, компјутер, како и на MaxTV приемниците.

* ПР - објава

Објавена во: После „Школо“ // PR

Можеби ќе ве интересира: