Мистеријата е откриена: Се знае кога и на кој кралицата Елизабета ќе ја пренесе круната

Мистеријата е откриена: Се знае кога и на кој кралицата Елизабета ќе ја пренесе круната

Објавена во: Живот // Живот

Сега сѐ е јасно...

Иако за тоа се зборуваше во неколку наврати оваа година, владењето на кралицата Елизабета II е пред самиот крај. Откако своето владеење го започна во 1952 година и тоа што 2015 стана официјално британски монарх со најдолг стаж во историјата, изгледа дека се наближува крајот на нејзината ера. Според пишувањата на многу странски медиуми, биографот на кралското семејство, Роберт Џобсон истакнува дека за 6 месеци круната ќе ја преземе нејизниот син и прв во редот за круна, принцот Чарлс.

Иако следната година ќе има 95 години, како што истакнува Роберт, не е најсреќна што мора да ја предаде круната. „Мислам дека таа тоа не го сака, но ќе дојде до момент кога монархијата ќе му ја предаде на Чарлс. И како ќе го погледне тогаш во очи и ќе му каже дека нема да биде крал“ - се прашува биографот.

Токму поради тоа, кралицата нема во потполност да замине во пензија. Сосема спротивно и понатаму ќе врши одредени кралски должности, но без својата долгогодишна титула. Како што истакнуваат некои медиуми, кралицата е алергична на зборот абдикација па не е ни чудно што на своето кралство ќе му служи додека е жива.

Подготовката за примопредавање наводно е започната. Принцот Чарлс во следните шест месеци ќе добива повеќе работа за полека да се привикне на преземањето на тронот. Инаку, неодамна во јавноста протече веста дека кралицата ја понижува Камила, сопругата на Чарлс, која едвај чека нејзиниот сопруг да стане крал.

Кралицата одреди дека Камила ќе стане т.н. „принцеза придружник“ која ужива многу помалку чест и привилегии од кралицата, со што ѝ ги одземала правата кои би и давале моќ над останатите членови на семејството на Камила, чија најголема желба да стане кралица ѝ зададе голем удар. КАмила неодамна се чувствуваше „луто и потполно понижено“ и побара од Чарлс да разговара со мајка му и да ја увери за да ја промени одлуката. Изгледа дека сето ова ќе се среди во следните шест месеци.


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: