Мистеријата е откриена: Зошто Кендал Џенер не ги прикажуваше момчињата во реалното шоу?

Мистеријата е откриена: Зошто Кендал Џенер не ги прикажуваше момчињата во реалното шоу?

Објавена во: Stars // Филм

Долгогодишниот продуцент Фарназ Фарјан ја откри причината...

По 14 години емитување и 20 сезони, реалното шоу „Во чекор со Кардашијанс“, кое го прослави ова семејство, престана да се прикажува. Во специјалната емисија, емитувана по последната епизода, гледачите имаа можност да дознаат многу непознати факти за снимањето, а овие денови и продуцентите добија зелено светло да споделат неоткриени факти од сетот.

Една од нив се однесува на Кендал Џенер. Додека нејзините сестри во повеќе наврати споделуваа и повеќе од она што не интересираше, таа беше единствена која ниту еднаш не го прикажа својот љубовен партнер.

Долгогодишниот продуцент на серијата, Фарназ Фарјам откри зошто е тоа така.

„Кендал имаше правило дека со момчето мора да биде барем една година пред да му дозволи да биде дел од серијата. Не беше секогаш сигурна во тоа какви им се намерите“ - раскажа тој.

„Еднствено поради тоа правило не го прикажувавме нејзиниот приватен живот“ - додаде тој.


Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: