Мистеријата е разрешена: Што ви порачува кучето кога ви ја подава шепата?
Животните не го зборуваат човековиот јазик, тоа е факт, но тие имаат свои начини како да допрат до нас. Што се обидува да ви порача кучето кога ви ја подава шепата?
Без разлика дали како мачка ви се мота околу нога, гласно се огласува како папагал или ви ја дава својата шепа како куче, тоа сака да ви порача нешто. Но, што?
Прижањето шепа може да значи многу работи - од барање внимание до обид за доминација над вас.
Што може да значи кога кучето ви ја подава шепата:
# Начин на комуникација
Секое суштество има свој начин на комуникација. На нас зборовите ни се достапни и со нивна помош комуницираме со други луѓе.
Меѓутоа, што правите кога се обидувате да комуницирате со сосема друг вид?
Замислете дека комуникацијата со вас и вашето домашно милениче е како да разговарате со некој што доаѓа од друга планета.
Веројатно ќе се обидете да ја испратите вашата порака пред вонземјанин со гестикулација.
Давањето шепи е кучешки налин за комуникација, и бидејќи кучињата живеат долго време со луѓе, научиле дека ги користиме рацете кога комуницираме, па затоа нѐ имитираат на овој начин.
# Сака љубов
Со давањето на шепите, кучето најверојатно сака да му каже на својот сопственик дека му недостасува неговата љубов.
Без разлика дали сте биле зафатени во последно време и немавте многу време да се дружите и да се гушкате со вашето домашно милениче, или напротив го милувавте и престанавте во моментот, ако ви ја даде шепата тоа е знак дека сака малку повеќе љубов.
Давањето шепа е знак да продолжите со она што го правевте, бидејќи очигледно му годело.
# Направило нешто недозволиво
Кучињата знаат многу добро кога нешто ќе погрешат. Без разлика дали тоа е оставање траги од кал на вашиот кауч или грицкањето на вашите нови чевли.
Со подавање на шепата, тоа всушност се обидува да ви каже дека му е жал и дека ќе се погрижи да не му се лутите.
Тоа, исто така, сака да ви ја покаже својата послушност со оваа постапка и на некој начин „ветува“ дека никогаш повеќе нема да го стори тоа.
# Му треба храна или вода
Ако вашето домашно милениче е гладно или жедно, а неговите садови се празни, многу е веројатно дека тој ќе ви ги даде своите шепи.
На пример, ако се приближува времето на неговиот оброк и е нетрпеливо или смета дека сте го заборавиле, ќе го искористи овој трик за да ве потсети на тоа.
Откако ќе ви ја даде шепата, кучето најверојатно ќе ве однесе до садовите со храна и вода.
# Сочувствува со вас
Шестото сетило на кучето, чувството за инстинкт е многу моќно. Кучињата можат да ја „намирисаат“ на човечка тага.
Ако вашето домашно милениче ве најде тажни на каучот, многу е веројатно дека ќе дојде кај вас и ќе ви ја даде својата шепа во знак на поддршка.
Како многу емпатични суштества, кучињата имаат моќ да ја истераат човечката тага со самото присуство.
фото: Eugene Kim - CC BY 2.0