Мистеријата е решена: Фановите открија зошто Шон Мендес лакира еден нокт
Шон Мендес секогаш има скриено значење во се што прави и по тоа е и познат, а на фановите е да пробаат да ја откријат симболиката на неговите дела.
Меѓутоа, една работа многу ја копкаше јавноста, а тоа е зошто Шон има само еден лакиран нокт. Оваа мистерија секако ја решија неговите обожаватели. Имено, Шон го лакира едниот нокт како дел од кампањата која помага да се подигне свеста за насилството над децата.
Во прашање е кампања под називот „Polished Man“, а во истата помеѓу останатите учествува и Крис Хемсворт.