Мистеријата на магијата во современото живеење- Ова лето Топ 10 регионални крими серии само на Gley

Мистеријата на магијата во современото живеење- Ова лето Топ 10 регионални крими серии само на Gley

Објавена во: После „Школо“ // PR

Напнати мистерии со умствени игри кои ќе ве држат во неизвесност до самиот крај. Ова лето подгответе се за серии исполнети со многу возбуда и адреналин.

Влашка магија, магија на броеви, верувања, традиција и обичаи испреплетени и одразени врз животните судбини на денешницата. Магиите, разните ритуали и култови се нешто со што се поврзува Балканот.

Креаторите на ТВ серијата „Црна свадба“  ја црпеле инспирацијата од стари влашки обичаи кои се практикувале во еден дел на Србија, но и од вистинскиот случај на масакрот во Јабуковец што се случил во 2007 година.

„Црна свадба“ есерија која нуди возбуда, напнатост, мистерија, елементи на хорор, серија која ја тера публиката нетрпеливо да ја очекува следната епизода. Дејството започнува во мало село во Србија каде Митар, човек со мирен и благ карактер, еден ден на брутален начин убива дванаесет соседи, пред да пука во својата глава изустува зборови, кои имаат врска со влашката магија, за која се смета дека е исклучително моќна. Приказната продолжува со откривање на мотивот за овој масакр, дали ова е психијатриски случај или зад ова злосторство се крие нешто друго.

И темата на серијата,,Певачица“ е влашката магија,  која донекаде се базира на трагичната смрт на познатата печајка Јелена Марјановиќ (Крсмановиќ) во 2016 година. Исто како и во случајот на Јелена, магијата се појавува како главна причина за несреќата на пејачката Ивана Лазиќ во оваа серија. Имено, Ивана Лазиќ, желна за успех на сцената, влегува во темниот свет на влашката магија, а цената ќе биде висока - нејзиниот живот!

,,Калкански кругови“ е мистерија со хорор примеси извадени од традицијата на забранетото.10 епизоди срочени во приказна за Губин дол, забранетета љубов и тајната на белиот круг. Наскоро на Gley следат нови 10 епизоди возбуда, напнатост, мистерија и елементи на хорор со истата акерска екипа, Жарко Лаушевиќ, Воин Четковиќ, Ивана Зечевиќ, Нина Јанковиќ, Наташа Нинковиќ но и нови ликови.

Доколку уживате во напнати трилери, акции и хорори исполнети со мистерија, Gley го има вистинскиот список со одлични серии за вас.

Мочвара, Блок 27, Беса, Јужни ветар, Вере завере, Тајкун, Државен службеник... се само дел од најпопуларните регионални крими сериикои се гледаат во еден здив.

Кога сакаш, со кого сакаш во било кое време, без реклами само на Gley првата македонска стриминг платформа.

* ПР - објава

Објавена во: После „Школо“ // PR

Можеби ќе ве интересира: