Мистеријата за рускиот тим на Зимските олимписки игри: Ќе „падне ли во вода“ историскиот скок на Камила Валиева?

Мистеријата за рускиот тим на Зимските олимписки игри: Ќе „падне ли во вода“ историскиот скок на Камила Валиева?

Руските лизгачи сѐ уште ги немаат добиено златните медали, бидејќи во тек е детална истрага поради можен допинг...

Руската лизгачка Камила Валиева во понеделник се запиша во историјата на Зимските олимписки игри, но нејзиниот четирискок на лед може да „падне во вода“ поради потенцијалниот допинг на еден од членовите на нејзиниот тим.

Светските медиуми пишуваат дека церемонијата на доделување на медалите во уметничко лизгање е одложена поради тоа што се сомнева дека еден член од рускиот тим користел марихуана.

Порано беше објавено дека церемонијата е одложена поради „правен проблем“ кој би можел да влијае на освојувачите на медалите, за потоа да се појави веста дека зад сето тоа споменатиот сомнеж.

Од рускиот тим никој не се огласи, но факт е дека сите го имаат пропуштено закажаниот тренинг во средата. Покрај тоа што би можеле да останат без медали, не е исклучено дека некој од нив, ако се докаже дека имало користење на марихуана, ќе биде и кривично гонет поради законите во Кина.

„Криумчарење, тргување, транспорт и производство на опиум во количина помала од 200 грама, хероин во количина помала од 10 грама или друга дрога во помала количина, се казнува со затвор до три години, краткотрајно - притвор или надзор и парична казна; под отежнувачки околности - се заканува затворска казна од три до седум години, како и парична казна“ - стои во законот.

Инаку, Русија со 74 бодови триумфираше пред тимот на САД, кој имаше 65, додека Јапонија се најде на третото место со 63 бодови. 

фото: Инстаграм

Можеби ќе ве интересира: