Мистериозна смрт на српскиот амбасадор во Лисабон: Паднал од карпа обидувајќи се да направи селфи?

Мистериозна смрт на српскиот амбасадор во Лисабон: Паднал од карпа обидувајќи се да направи селфи?

Објавена во: Живот // Живот

Амбасадорот на Србија во Португалија Оливер Антиќ загинал во петокот во сообраќајна несреќа во Лисабон, соопшти српското Министерство за надворешни работи, но локалните медиуми објавија дека тој се самоубил или паднал од карпа додека се обидувал да направи селфи.

Засега не е позната точната причина за смртта, иако португалските медиуми тврдат дека тој се самоубил скокајќи од карпа, објави белградскиот портал „Вечерње новости“.

„Се смета и дека амбасадорот се лизнал кога сакал да се фотографира на карпа и паднал во вода“, пишува порталот .

Португалскиот портал Correio da Manhã, пак, наведува дека српскиот амбасадор починал откако во попладневните часови се фрлил во морето во „Boca do Inferno“ (Устата на пеколот) во близина на Каскаис.

Некои португалски медиуми пишуваат дека Антиќ „го замолил возачот да го запре автомобилот, излегол и се фрлил од карпа“, но локални официјални извори во Каскаис одбиваат да ги коментираат околностите кои довеле до неговата смрт.

Службите за итна помош излегле на местото на настанот околу 13:30 часот и го нашле Антиќ „жив, но тешко повреден“, потврдил портпаролот на противпожарната бригада.

Оливер Антиќ (72) беше професор и декан на Правниот факултет во Белград и долгогодишен активен член на владејачката Српска радикална партија.

Тој беше назначен за амбасадор во Португалија во 2015 година.

Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: