Мит или не: Кој пол потешко ги поднесува разделбите, дали тоа се навистина девојките
Девојките секогаш се прикажуваат како оние кои потешко ги поднесуваат разделбите, но дали навистина е така?
Во филмовите секогаш ќе видиш дека по разделбите девојките се оние кои секогаш се многу повеќе скршени, не стануваат од кревет со денови, јадат многу сладолед и плачат додека ги слушаат песните кои ги потсетуваат на поранешната љубов, но што е со момците? Како тие ги поднесуваат разделбите?
Изгледа дека на момците раделбите не им се толку трауматични колку на девојките. Тие како да не поминуваат низ тагата или пак тоа вешто го кријат? Тим истражувачи од Универзитетот Ланчастер се заминаваше со прашањето кој пол потешко ги поднесува разделбите и кој е поголем емоционален хаос. И резултатите ќе ве изненадат. Излегува дека момчињата се оние кои потешко ги поднесуваат разделбите, пишува „Tyla“. Кој би кажал?
Само затоа што девојките почесо покажуваат колку се тажни, не значи дека момците не се тажни по разделбите, само голем број од нив не се чувствуваат слободно за јавно да го презентираат тоа или да се затворат во соба и да плачат со денови. И тие се тажни, а според ова, дури и повеќе од девојките. На девојките дури им е полесно, бидејќи тие со своите пријатели толку разговараат по што веднаш им е полесно, додека момчињата тоа нема да го направат и ќе чуваат во себе. Ова истражување исто така покажа дека мит е и тоа што девојките се потажни по разделбите.
Затоа немојте да мислите дека на вашето поранешно момче не се грижело за вашата врска или дека срцето не му било скршено, бидејќи тие емоции биле вешто сокриени. И тој во некој момент веројатно ќе се расплаче и ќе зажали за некои работи кои ги направил или не ги направил.
фото: Poznyakov / Shutterstock