Митови за градници во кои НЕ смеете да верувате: Дали спиењето во градник е лошо за вас?

Митови за градници во кои НЕ смеете да верувате: Дали спиењето во градник е лошо за вас?

Објавена во: Мода // Moj стил

Дали верувате во некои од овие 6 митови? Не треба.

Кога за прв пат ќе започнете да носите градник, ќе слушнете толку многу различни приказни за тоа што треба да правите, а што не. Добар дел од тоа навистина не мора да биде точен воопшто. Ова се 6 митови за градници и носење градници кои се најчести, и во никој случај не се точни.

Не мора секогаш да верувате во сè што ќе го слушнете безусловно. Да бидеме реални, градниците можат да бидат комплицирани. Само димензионирањето е компликација што треба прво да ја решите. Букви, броеви, модели, има толку многу работи што треба да се земат предвид кога купувате градник. И тоа е само почеток. Постојат еден куп факти кои изгледаат точни и кои сите ги препраќаат едни на други, а кои всушност се тотално погрешни. Ова се 6 најчести митови за градници кои и самите сме ги слушнале барем еднаш во животот.


Мит 1: Секогаш треба да купувате градник со иста големина и нема да погрешите

Да, барем! Исто како фармерките, маиците, фустаните и целата друга облека, истото е и со градниците. Не можете само да влезете во продавница и да земете „ваша“ големина. Која големина ќе ви треба понекогаш зависи од марката, но и од моделот на градникот. Можное да ви треба поголем број или помал во различни продавници. Затоа, најдобро е секогаш да проверувате пред да купите, бидејќи носењето градник кој е премал или преголем не изгледа добро.

Мит 2: Белиот градник не се гледа преку облеката

Дури и кога носите бели, лесни или тенки маици, белиот градник ќе биде многу видлив, дури и ако станува збор за бела маица. Кога сакате да бидете посигурни дека вашиот градник нема да се истакне, изберете беж боја која е најслична на вашата боја на кожа.

Мит 3: Спиењето во градник предизвикува рак

Некогаш, неколку лекари мислеа дека кога носите градник преку ноќ, тој заробува штетни материи во вашето тело и тоа може да доведе до добивање рак на дојка. Носењето градник преку ноќ стана големо НЕ, но не треба да биде. Ниту едно истражување никогаш не ја потврдило нивната теорија. Ако спиете со градник нема да ви се случи ништо страшно.

Мит 4: Ако постојано носите градник, вашите гради нема да висат кога ќе старите

Некои луѓе се убедени дека градите ќе им бидат „на место“ подолго време и изгледаат подобро ако носат градник цело време. Факт е, сепак, дека вакво нешто никогаш не е потврдено како точно. Носете градник цело време или не, како што стареете, така ќе изгледа и изгледот на градите. Едноставно, така функционираат работите.

Мит 5: Ако носите спортски градници, градите ќе растат побрзо

И ова е еден од митовите што сака да се појавува во различни форми, а се однесува на фактот дека градите ќе растат побрзо ако носите или не носите некое парче облека или некој вид градник. Најчесто, сепак, се споменува спортски градник. За жал, мора да ве разочараме. Тој нема да им помогне на вашите гради да растат одеднаш.

Мит 6: Штом вашите гради престанат да растат, повеќе нема да мора да купувате градници

Уште една многу погрешна изјава. Во животот ве чекаат уште многу градници, дури и кога градите престануваат да растат. Со носењето, градниците ќе се истегнат, ќе ја изгубат формата и едноставно повеќе нема да ја завршат својата работа добро. Од време на време секогаш ќе треба да ја обновувате колекцијата градници и секогаш е подобро да купите подобар бидејќи освен што ќе изгледате подобро, ќе ви трае и подолго.


Фото: Giphy/ Pexels

Можеби ќе ве интересира:

Топ стајлинг: Мартија Станојковиќ во шик црно-бела комбинација

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: