Млад татко распамети милиони жени: Изгледа како Аполон, но тоа не е сѐ што нуди

Млад татко распамети милиони жени: Изгледа како Аполон, но тоа не е сѐ што нуди

Објавена во: Совети // Семејство

На социјалните мрежи често споделува моменти од своето секојдневие, прикажувајќи се себеси како сопруг и татко што многумина би ги посакале

Рос Дикерсон (35) покажа дека е можно успешно да се балансира межу тренингот и семејниот живот. Тој е татко година и пол и не го остава синот кога е дома.

На социјалните мрежи често споделува моменти од своето секојдневие, прикажувајќи се себеси како сопруг и татко што многумина би го посакале. Утрото започнува со домашни работи додека бебето спие: вклучување на машината за перење, хранење на мачките и чистење на домот.


За да помине што повеќе време со својот син, Рос често тренира дома. Додека тој вежба, синот е до него во лежалка, а понекогаш дури и го вклучува во своите вежби. Во брак е со фитнес моделот Лили Стоукс со која често споделува заеднички фотографии, но најголемо внимание на неговиот Инстаграм профил привлекуваат сликите со неговиот син.


Со години држи строга диета и исцрпувачки тренинг режим за да биде во топ форма за натпреварите. Рос има повеќе од пет милиони следбеници на Инстаграм, каде отворено зборува за менталното здравје и го користи вежбањето како начин да го одржи, со поддршка од сопругата и синот.


Овој бодибилдер и татко ги освои срцата на многу жени на социјалните мрежи поради неговиот посветен пристап кон родителството и секојдневните обврски.


ФОТО: Printscreen/Instagram

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: