Млада останала без татко: Северина за првпат сподели фотографија од него
Следбениците веднаш забележаа колку си личат, но и дека малиот Александар има нешто на дедо му...
Пејачката Северина Вучковиќ (49) млада останала без својот татко Север Вучковиќ, но одлучи да се присети на него и да објави негова фотографија.
„Мојот татко Север“ - напиша пејачката, но и ги додаде броевите кои го означуваат вчерашниот датум. Следбениците веднаш забележаа колку си личат, но и дека малиот Александар има нешто на дедо му.
„Александар личи на него“, „Внукот е ист како дедото“, „Имаш очи како татко ти“, „Иста си како татко ти“, „Се гледа на кого личат ќерката и внукот“ - ѝ пишуваа следбениците во коментари. Меѓу нив беше и водителката Кармела Вуков Цолиќ, која ѝ напиша: „Се сеќавам на оној концер... си мислев - од каде ти е силата... Сега знам“.
Инаку, таткото на Северина бил возач на камион во Електродалмација. Се родил во Сплит, каде ја запознал нејзината мајка Ана, која е по потекло до Дрниш. Таа била келнерка во млечен ресторан покрај старото игралиште на Хајдук. Нејзината мајка Ана често истакнува колку го сакала својот сопруг.