Младите го прославија Денот на вештерките во скопски клуб
Забава за Денот на Вештерките, или Halloween party се одржа во скопскиот клуб „Централ парк Привилиџ клуб“.
Тинејџери од средните и основните училишта се забавуваа на светски познатите хитови, но и домашни хитови, маскирани во духот на Денот на вештерките. Овој клуб е најпопуларно место за излегување за тинејџерите во Скопје, и се наоѓа во Градскиот парк.
Многу млади во паркот, и низ Центарот на Скопје вчера беа маскирани во стилот на овој американски празник, што последниов период почнува да се слави и каај нас, особено меѓу младите.