Младите македонски пејачки на плажа: Која одбра најубав костим за капење?

Младите македонски пејачки на плажа: Која одбра најубав костим за капење?

Објавена во: Мода // Moj стил

Деновите од летото сите ги користат максимално, па ништо поразлично не се и познатите ѕвезди. Костимите за капење се нешто за што најмногу се дискутира во летниот период, а познатите ѕвезди се честа мета за коментирање.

Досега во костими за капење ги видовме светски познатите ѕвезди, кои оваа сезона се одлучија за поедноставни модели на кои не им поминува модата, а сега ќе ви покажеме за какви се одлучија младите пејачки од нашата држава.

Антониа Гиговска, Мартија Станојковиќ, Мина Блажев, Барбара Поповиќ и Барбара Ракичевиќ досега се соблекоа и покажаа неколку различни модели, а на вас ќе оставиме да одлучите која од нив го направила најдобриот избор:

# Антониа Гиговска

Антониа помеѓу првите го покажа своето тело, а воедно и резултатите од здравиот начин на живот. Таа уште во мај ја сподели првата фотка во бикини, а потоа и во јули ги почести следбениците со фотка од плажа.


# Мартија Станојковиќ

Ако минатото лето имавме повеќе фотки од летниот одмор на Марија, таа досега објави само една фотка во бикини и истата е направена за време на снимањето на нејзиниот нов спот за песната „Не волиш“.

# Мина Блажев

Дека и нашите пејачки се одлучуваат за едноставни и практични модели, одличен доказ е Мина. Таа пред неколку недели ја сподели првата фотка од плажа на која носи едноставен модел, а вчера ги покажа бикините со анимален принт.


# Барбара Поповиќ 

Пејачката Барбара оваа година се одлучи за две сосема различни варијанти. За разладувањето во базен носеше едноделен костим за капење, додека на плажа црни бикини.


# Барбара Ракичевиќ

Оваа млада ѕвезда покажа дури три различни модели, а коментарите и лајковите на социјалните мрежи говорат дека нејзините следбеници го одобруваат нејзиниот избор.




Р.Х.

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: