Костимите за капење кои ги избраа познатите ѕвезди за ова лето: 11 модели кои се издвоија од другите

Костимите за капење кои ги избраа познатите ѕвезди за ова лето: 11 модели кои се издвоија од другите

Објавена во: Мода // Moj стил

Познатите ѕвезди во лето Инстаграм го освојуваат со фотки во костими за капење...

Општо е познато дека популарните познати sвезди го споделуваат секој свој чекор на социјалните мрежи, а особено на Инстаграм. Покрај секојдневното објавување на Инстаграм, секоја sвезда има барем една фотографија во костим за капење кога е лето, па сега нивните профили се полни со такви фотографии, а вие проверете какви модели на костими за капење избраа познатите личности за оваа година!

# Селена Гомез

Селена ова лето дефинитивно издоминира што се однесува до костимите за капење! Има соработка со бренд кој произведува костими за капење, па објави неколку фотографии во нив. Сѐ што можеме да кажеме е дека нејзините костими за капење изгледаат одлично, а моделите одлично ѝ прилегаат.

# Ким Кардашијан 

Ким е позната по тоа што нејзиниот Инстаграм профил гори во текот на летото од фотките во костими за капење. Така е и оваа година, а еден од нив е овој многу едноставен, но пристоен костим за капење во сиво-розова боја кој совршено одговара на нејзините облини, без да изгледа провокативно.

# Камила Кабелјо

Камила Кабелјо оваа година се растури кога е во прашање телото по огромната количина омраза што ја доби затоа што се здебели неколку килограми. Очигледно, тие коментари не ја допираат премногу, па објави и фотографија во костим за капење, која е прилично едноставна, но и изгледа одлично.

# Хејли Бибер

Хејли Бибер исто така одбра многу едноставен модел на бикини - во прашање е обичен, розов костим за капење чиј горен дел е во облик на тријаголници и на кој и горниот и долниот дел се врзува со врвци. Овој косим е безвременски поради својата едноставност, па так аникогаш нема да погрешите со него.

# Ванеса Хаџенс

Актерката дефинитивно отиде еден чекор напред во однос на претходните девојки и ги изненади следбениците со сосема поинаков костим за капење. Таа одбра едноделен костим со неколку различни бои, кои инаку можеби не одговараат, но во оваа комбинација изгледаат супер.

# Кортни Кардашијан

Кортни избра костим кој беше апсолутен хит минатото лето, но очигледно е дека не излегол од мода ни ова. Станува збор за едноставен, а повторно интересен дводелен костим кој има малку чипка, која му дава друга димензија во однос на некој пообичен дезен.

# Кајли Џенер

Кајли е позната по своите екстравагантни комбинации, но и по костимите за капење. Но, овој пат избра поедноставен костим кој се има отсјај на сонце. ОСвен тоа, има и еден детаљ кој дополнително го разубавува комплетниот изглед на костимот, а тоа е украсот кој го има ставено под горниот дел и тој се протега по средината на стомакот.

# Џенифер Лопез

Џеј Ло навинстина добро ги носи своите 50-ти, што докажува и на фотките во бикини. Редовните тренинзи и здравата исхрана даваат резултат, а овој пат пејачката го покажа телото во обичен, но неонски костим за капење, па така го нагласи тенот.

# Дуа Липа 

Пејачката не е позната по некои екстравагантни фотки во костим за капење, туку секогаш покажува некоја едноставност која е очигледна и на овогодинешниот избор. Обичниот модел, во шарени нијанси е навистина пресладок.

# Оливија Родриго

Оливија Родриго дури од неодамна стана мега популарна ѕвезда, но на фотките во бикини има повеќе од 3 милиони лајкови. Сигурни сме дека тоа е така, бидејќи Оливија одбра одличен костим за линијата на нејзиното тело, особено поради „high waisted“ гаќичките кои изгледаат предобро.

# Адисон Реј

ТикТокерката одбра обичен горен дел, но долниот дел од костимот за капење е преинтересен - жолтата и сината боја во оваа комбинација одлично се согласуваат. Ова е доказ како може горниот дел да е обичен, но долниот во потполност да издоминира со најмали детали.

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: