Младоженец побара од својот брат со Даунов синдром да му биде кум: Реакцијата на момчето е прекрасна

Младоженец побара од својот брат со Даунов синдром да му биде кум: Реакцијата на момчето е прекрасна

Објавена во: Совети // Семејство

Многу луѓе во детството развиваат посебен однос со своите браќа и сестри. Тоа е врска која е тешко раскинлива. Овој пат тоа го покажаа браќата од Минесоте, кои го воодушевија светот.

Младоженецот Вил Клаусен неодамна сподели видео од себе и својот помал брат Хенри, кој има Даунов синдром, а во тоа видео го прашува дали ќе сака да му биде кум на венчавката. Прекрасната реакција на Хенри го разнежни Вил, но и сите оние го погледнаа видеото, пишува BoredPanda.

Овие браќа имаат посебна врска, неразделни се од детството. Имено, Вил прв ги разбрал зборовите на Хенри и секогаш биле едне до друг. Хенри во слободно време сака да трага по предмети со помош на детектор за метал, поради што неговиот брат се сетил дека би било генијално пораката да му ј асокрие во шише и потоа да ја закопа во песок.

Кога Хенри го земал детекторот за метар и низ песокот започнал да бара работи, не се надевал дека ќе ја пронајде пораката од брат му во која бара од него да му биде кум. Штом прочитал што пишува на хартијата, Хенри му скокнал во прегратка на брат му.


Прекрасна приказна сите ги раснежни!


Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: