Многу ѕвезди соработуваат со него: Еве кое е новото момче на Сара Јо (ФОТО)
По раскинувањето на долгата врска со Милко Бабиќ, се шпекулира дека срцето на убавата пејачка Сара Јовановиќ го освоило момче од Словенија кое естрадата добро го познава.
Пејачката Сара Јовановиќ по две и пол години ја раскина врската со продуцентот Милко Бабиќ, а како што пишуваат медиумите, нејзин нов избраник е Жига Сотлар, танчер и кореограф од Словенија.
Сара соработува со Сотлар долги години, а наводно нивната деловна и пријателска врска неодамна прераснала во љубовна врска, пренесуваат регионалните медиуми. Самата Сара неодамна навести дека се отворило ново поглавје во нејзиниот живот, веројатно во љубовта.
- Учам словенечки. Дефинитивно се случува ново поглавје во однос на многу работи во мојот живот. Астрологот беше во право кога рече дека овој период ќе биде многу значаен - изјави Сара на еден настан.
Се наведува и дека Сара пред два месеци раскинала со поранешното момче Милко Бабиќ, бидејќи имале различни погледи за заедничката иднина.
Жига Сотлар, новата љубов на Сара, инаку, соработуваше со многу ѕвезди како Наташа Беквалац и Маја Беровиќ, но и со Северина.
На заедничките објави на Инстаграм со Сара ги нарекуваат и „пар од соништата“.