Многу неудобни моменти: Како изгледале првите бакнежи на твоите омилени ѕвезди?
Сите во одреден момент раскажале и откриле како изгледал нивниот прв бакнеж...
Сметаш дека животите на познатите се совршени, па така и дека нивниот љубовен живот е спектакуларен. Секако, со сето тоа, сигурни ни првиот бакнеж не им изгледал лошо, бијдеќи како е можно некој како Џиџи Хадид да нема прв бакнеж како од бајка? Изгледа дека сепак не е така совршено.
Во многуте гостувања во различни емисии и во морето интервјуа кои ги имаат дадено, голем број познати личности во некој момент откриле кога првпат се бакнале, но и како изгледал тој бакнеж. Ретки се ситуациите кога првиот бакнеж во вистинскиот живот е магичен и неверојатен, како што е обично прикажано во холивудските филмови, бидејќи во реалноста поверојатно е тоа да биде краток неудобен момент кој сите пробуваат да го заборават. А, како изгладал првиот бакнеж на Ријана или Зејн? Овие 9 познати личности се отворија на темата, а еве како тоа изгледало од нивна перспектива.
# Медисон Бир
Медисон раскажа дека нејзиниот прв бакнеж бил со некое сосема рандом момче, кое го запознала на забава кај пријател. Тогаш била шесто одделение, носела протеза, но исто така и момчето со кое се бакнала носело... „Џвакаше мастика Bubble Yum, запомнив, бидејќи никогаш нема да го заборавам твој вкус“, раскажа за Young Hollywood. „Бевме многу нервозни, но пријателите ни велеа - 'Треба да се бакнете' и се сеќавам дека се плажев, бијдеќи тој ми се допаѓаше. Влеговме заедно во некој плакар и кога велам дека само се 'бакнавме', миснам на тоа дека тој го бутна својот јазик во мојата уста. Се уплашив и беше многу неудобно.“
# Ријана
Нејзиниот прв бакнеж се случил во средно училиште и раскажа дека тоа било најлошата работа што и се случила во животот. Во интервју за Rolling Stone, кажа дека тој лик целата плунка која ја имал ја ставил во нејзината уста. Додаде дека тоа ја истрауматизирало и дека долго по оваа случка не сакала да се бакнува.
# Били Ајлиш
Били своето искуство од првиот бакнеж го сподели со обожавателите на еден концерт и откри дека со момчето со кое се бакнала не бил воопшто воодушевен. Раскажа дека веднаш по бакнежот тој искоментирал дека не било толку магично, како што мислел дека ќе биде.
# Џиџи Хадид
„Мојот прв бакнеж беше во домот на еден пријател. Гледавме филм и мислам дека беше хорор, а таму беше и момчето кое ми се допаѓаше. Имав околу 14 или 15 години и двајцата носевме протези. Кога мојата пријателка и момчето кое и се допаѓаше ја напуштија просторијата, ние се бакнавме и тоа беше ужасно и неудобно“ - раскажа Џиџи за W magazine.
# Тимоти Шаламе
По приказната на неколку познати девојки, Тимоти исто така раскажа како изгледало неговото искуство. Тоа се случило на кровот на хотелот Marriott на Тајмс Сквер. Слегувајќи од горниот дел на хотелот со лифтот надолу во лобито, станал нервозен, затоа што лифтот бил стаклен и се движел прилично брзо. Девојката која била со него во лифтот со себе имала лабело од кое постојано нанесувала на устата, а на него тоа му изгледало дека тоа било навестување за тој да ја бакне. Се сеќава дека тој ја излажал, велејќи дека овој не му бил прв бакнеж. Накратко, сето тоа било тотална катастрофа.
# Тејлор Свифт
Тејлот била една од последните луѓе во друштвото која не се бакнала. Нема откриено кога се случило тоа, но има изјавено дека бакнежот не поминал лошо и дека мисли дека бил сладок. На крајот завршила во врска од година дена со тоа момче.
# Зејн Малик
Призна дека првиот бакнеж го имал на 13 години и дека бил сосема неудобен. Тогаш бил многу низок, а девојката со која се бакнал била многу висока. Кога тргнал да ја бакнува, застанал на цигла за да може да дојде до нејзиниот лик.
# Лана Кондор
Уште една позната личност која имала проблеми со висината, кога е во прашање првиот бакнеж. Таа била шесто одделение и првиот бакнеж се случил за време на игра како предизвик. Се случил со момче кое било пониско од неа. Вели дека тоа било чудно искуство, за кое се радува што повеќе нема да се повтори.
# Мили Боби Браун
Првиот бакнеж на актерката позната по улогата во серијата „Stranger Things“ се случил на едно снимање. Призна дека за она што го снима ќе направи се што е потребно. Ја скратила косата, но и се случил и првиот бакнеж. Тоа се случило на снимањето на серијата „Stranger Things“ со актерот Фин Волфард, кој го глуми Мајк. Бакнежот дефинитивно бил чуден, но не се почувствувала лошо или трауматизирано, за разлика од некои други познати личности.