Многу се откажаа: Една од актерките од втората сезона на серијата „Еуфорија“ откри дека биле приморани да работат 16 часа дневно

Многу се откажаа: Една од актерките од втората сезона на серијата „Еуфорија“ откри дека биле приморани да работат 16 часа дневно

Објавена во: Stars // Филм

Раниел Мари од Лос Анџелес почнала да работи како позадинска актерка во неколку епизоди од втората сезона на „Еуфорија“, во која глумат Зендаја, Џејкоб Елорди, Хантер Шафер, Синдеј Свини и Ангус Клауд. Меѓутоа, според нејзините зборови, покрај останатите актери, и таа одлучила да не се врати, откако биле приморани да работат 16 часа без предупредување. Покрај тоа, морале да јадат студена храна и да снимаат сцени во прашлива просторија.

Во видеото кое го објави на ТикТок и кое има повеќе од 89.000 прегледи, Раниел исткана дека доколку внимателно ја погледнете седмата епизода од втората сезона, под назив „The Theater and It's Double“, ќе забележите дека многу позадински актери се разликуваат во поединечни сцени. Тврди дека причината за тоа што актерите во позадина се менуваат за време на сцените е тоа што многу нив одлучиле дека повеќе не сакаат да се вратат на снимањето.

Во делот за коментари, Раниел и понатаму зборуваше за времето поминато на сетот, пишувајќи дека се чувствувала „бедно“, но не и „неблагодарно“ поради тоа искуство: „Ја завршив својата работа, добив чек и не се вратив. Тоа е се“. Исто така, откри дека Том Холанд повеќе пати ги посетувал, што може да укаже на тоа дека тој е дел од проектот или дека едноставно не сака да се разделува од својата девојка Зендаја.

Инаку, ТикТок профилот на оваа девојко во овој момент не може да се отвори, односно најверојатно е избришан.


Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: