Многу се шпекулираше, но ова е вистината: Еве зошто Карлеуша и Душко Тошиќ ја крстија првата ќерка Атина
Како што еднаш откри Јелена Карлеуша, добивала совети да ја крсти својата прва ќерка Сара или Теа, но таа не го сакала тоа.
Пејачката Јелена Карлеуша пред повеќе од 13 години, за прв пат стана мајка и роди девојче кое таа и нејзиниот сопруг Душко Тошиќ го нарекоа Атина.
Тогаш, по 37 дена од породувањето, таа за прв пат гостуваше во емисија кај Огњен Амиџиќ и призна:
- Да се биде мајка е прекрасно чувство, иако, морам да признаам, не спиев 37 дена. Кога сакаш некого толку многу и кога сакаш нешто толку многу, можеш сè да издржиш. Сè е прекрасно, сè е ново. Навистина уживам - изјави Јелена во октомври 2008 година.
Таа ја искористи својата посета во шоуто да раскаже како таа и Душко го избрале името за нивната наследничка. Потоа призна дека роднините ѝ предложиле да го избере името Теа или Сара, кои биле популарни во тоа време, но таа сакала тоа да биде ретко име.
- Дури имав идеја дека ќерка ми да се вика Дивна, по мајка ми. И тоа е прекрасно име, и не често. Сепак, се одлучивме за Атина.
Во весниците читав дека на ќерката ѝ го дадовме името Атина затоа што сме ја „направиле“ во тој град. Тоа не е вистина. Атена е божица на мудроста и најомилена ќерка на Зевс. Бидејќи ја сакам грчката митологија и сакам моето дете да биде мал мудрец, таа го доби името Атина.
Таа уште тогаш сакаше Атина да тргне по нејзиниот пат, а судејќи според моменталната ситуација, Атина е на добар пат да стане медиумска ѕвезда.
извор:GLOSSY