Многумина долго го чекаа ова: Наскоро ќе може да се преноќи во станот на Кери Бредшо
Сите обожаватели на серијата „Sex and the City“ ѝ завидуваат на Кери за нејзиниот раскошен стан во Њујорк и многумина посакуваат да живеат во него барем на еден ден. Благодарение на Airbnb сега и тоа е можно.
Прилично сме сигурни дека не постои обожавател на серијата „Sex and the City“ кој барем еднаш не посакал да има раскошен и фенси „lifestyle“ како што има Кери Бредшо, барем на еден ден. Сега таа желба може и да се оствари. Имено, Си- Ен - Ен пишува дека Airbnb одлучил да го изнајми станот на Кери за посетители. Односно, реплика на станот, но и тоа е доволно.
Кога обожавателите ќе влезат во станот, Кери ќе ги поздрави преку видео, а помеѓу останатото ќе ги дочека и лаптопот на кој ги пишувала своите колумни и стариот телефон на кој поминувала часови и часови разговарајќи со своите пријателки.
А, за доживувањето да биде целосно, оној кој ќе престојува во станот ќе го дочека и „walk-in“ плакарот преполн со облека и чевли, секако - во стилот на Кери. Таму ќе го има дури и незаборавноот туту здолниште.
Ова, како што веќе кажавме, не е оригиналниот стан во кој се снимала серијата, бидејќи многу од ентериерите во серијата всушност биле изработени на сетот кој се наоѓал во Вест Вилиџ, туку е само реплицирана верзија, за која многумина велат дека е многу пораскошна отколку оригиналот, и се наоѓа во Челси во Њујорк.
Резервацијата за овој стан ќе може да се направи од 8 ноември, но само за две ноќевања 12 и 13 ноември. Кој ќе биде прв - станот ќе биде негов.
фото: SARAHJESSICAPARKER/INSTAGRAM