Многумина ја критикуваат Кортни поради работите кои ѝ ги дозволува на ќерка си: Таа е дете, дозволи ѝ да биде тоа што е
Ова видео предизвика вистинска дебата на ТикТок...
Неколку недели наназад многумина зборуваат за децата од кланот Кардашијан - Џенер кои завладеаја на ТикТок. Ќерките на Ким и Кортни често снимаат заеднички видеа на кои танцуваат, но и нивните мајки знаат да им се придружат. Но, едно видео започна вистинска дебата во коментарите, а на видеото се наоѓа Пенелопе, ќерката на Кортни.
Имено, Кортни неодамна отвори заеднички ТикТок профил со својата ќерка, Пенелопе. Корисничкото име на нивниот профил е @pandkourt, а таму објавуваат видеа на кои танцуваат и ги следат трендовите на ТикТок. Но, едно од новообјавените видеа предизвика вистинска дебата во коментари, каде ја обвинуваат Кортни дека таа е всушност лоша мајка. Проблемот кој ја предизвика распаравата е тоа што Пенелопе во видеото отвара лименка со пијалок, а на видеото јасно се гледа дека таа има вештачки нокти и тоа во облик на бадем.
@pandkourt my audio yellow - ♡
Пенелопе има само 9 години, па поради тоа многумина сметаат дека е потполно неприфатливо девојчето да има вештачки нокти и сметаат дека Кортни со тоа ја преминала секоја граница. „Како можеш да имаш нокти, имаш само 9 години“, „Чекај, имаш 9 години и веќе имаш вештачки нокти?“, „Таа е дете. Замислите со колку проблеми ќе се соочи. Заштити ја и остави ја да биде дете...“ - се само некои од коментарите на нејзините следбеници.
Но, имаше и коментари кои беа во одбрана на Кортни, а и ова не е прво видео на кое Пенелопе има вештачки нокти.