Многумина мислат дека им е постара сестра: Мајката на најубавите близначки на светот е мета на критики
Девојчињата на Инстаграм имаат скоро 2 милиони следбеници...
Тие двете официјално се најубавите близнаци на светот. Идентичните близначки Леа Роуз и Ава-Мари Климентс беа прогласени за најубави на светот. Интересно е тоа што за нивната 37-годишна мајка често се смета дека е нивна постара сестра.
Токму нивната мајка, Жаки Климентс е „виновна“ за нивниот успех. Таа им отвори профил на Инстаграм, па девојките станаа сензација. Ги следат 1,8 милиони луѓе и имаат договори со бројни брендови и откако станаа модели за една агенција, позираат за разни списанија.
Нивната мајка често позира со нив, а и таа има многу обожаватели кои и се восхитуваат поради нејзиниот младелашки изглед.
Сепак, постои и друга страна на популарноста, па затоа Жаки често е критикувана за промовирањето на децата заради профит.
„Иако ја ценам вашата грижа, моите девојки се среќни. Тие имаат неверојатно детство, многу пријатели и играат секој ден. Една поза не ја дефинира нивната личност или квалитетот на нивниот живот“ - порача нивната мајка, додавајќи дека не гледа ништо спорно во тоа што девојчињата се шминкаат за професионална фотографија.
Таа исто така неодамна доби критики бидејќи не обележала една фотографија дека е платена реклама, а никој не пропушти да ги рекламира наметките.
„Многу луѓе претпоставуваат дека родителите заработуваат само затоа што гледаат колку работат нивните деца. Лага! Знам од нашиот случај и веројатно во повеќето случаи е така, дека родителите даваат повеќе пари отколку што заработуваат за да ги издржуваат своите деца. Но, претпоставувам ако навистина го ставите сето тоа во перспектива, парите што ние како родители сега ги издвојуваме за да ги поддржуваме нашите деца во нешто што обожуваат да го прават, ќе им овозможат да заработат свои пари што ќе можат да ги користат за колеџ или автомобил или куќа во иднина. Значи, ако размислите на овој начин, сепак не е толку лошо!“ - заклучи таа.