Многумина можат да учат од него: Неочекуван гест на Бруклин Бекам како моќен доказ за љубовта кон Никола Пелц

Многумина можат да учат од него: Неочекуван гест на Бруклин Бекам како моќен доказ за љубовта кон Никола Пелц

Објавена во: Совети // Семејство

фото: SplashNews.com/Profimedia

Најстариот син на Викторија и Дејвид Бекам и младата актерка и модел Никола Пелц си го кажаа судбоносното „да“, a веќе на површина излегуваат интересни детали.

Фотографот Бруклин Бекам (23), син на Дејвид и Викторија Бекам, вчера се ожени со американската актерка и модел Никола Пелц (27).

Први фотки од венчавката на Бекамови која беше забранета за медиумите: Невестата во венчаница на Валентино, сите зборуваат за бакнежот

Парот организираше романтична венчавка за голем број гости на семејниот имот на Пелц во Палм Бич, кој се простира на повеќе од 4.000 квадратни метри. Вреди дури 124 милиони долари и се наоѓа токму покрај океанот. Ромео Круз носеше црн костум, малата Харпер беше во бел фустан, а меѓу гостите беа Гордон Ремзи, Ева Лонгорија, Серена Вилијамс.

Откриен е уште еден интересен детал: Бруклин Бекам на своето име го додаде името на својата сакана!

Според Дејли Мејл, најстариот син на Бекамови во иднина ќе го користи презимето Пелц како средно име.

„Бруклин ја загуби главата поради Николас и ова е огромен знак за неговата посветеност и неговата љубов“, изјави неименуван извор за The Sun.

Парот, инаку, веќе има тетоважи на телото кои ги направиле во чест еден на друг, а Бруклин го истетовирал и името на нејзината баба Џина на роденденот на Никол.

извор:GLOSSY

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: