Многумина ни не знаат дека ги има, а тие се толку убави и талентирани: Најнови фотки од синовите на Бритни Спирс (ФОТО)

Многумина ни не знаат дека ги има, а тие се толку убави и талентирани: Најнови фотки од синовите на Бритни Спирс (ФОТО)

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Бритни Спирс има два сина од краткиот брак со Кевин Федерлајн, за кои нагласува дека ја ценат нивната приватност, но и дека се многу талентирани.

За Бритни Спирс во последните месеци се пишува многу, особено за ослободувањето на Бритни Спирс. Откако нејзиниот татко, Џејми Спирс, објави дека поднесува оставка од функцијата нејзин официјален старател, судијката од Врховниот суд во Лос Анџелес, Бренда Пени, одлучи дека Спирс дефинитивно ќе биде суспендиран од таа позиција.

-Бритни заплака кога ја слушна одлуката на судијата. Долго мислеше дека нема да го доживее денот кога нејзиниот татко нема да има контрола над секој аспект од нејзиниот живот, но тоа конечно се случи. Таа е во шок, без зборови и буквално скока од радост. Таа не чувствувала таква радост веќе 13 години - изјави неименуван извор за Page Six.

И додека многу се знае за Бритни и Џејми, дури и големите познавачи на светскиот шоу -бизнис не знаат дека Бритни има два сина, со танчерот Кевин Федерлајн. синовите се викаат Шон Престон и Џејден Џејмс.

Сега имаме можност да ги видиме двајцата за прв пат по неколку месеци, а фотографиите ги објави пријателот на Кевин, Еди Моралес. Тој ги пофали родителските способности на Кевин, рече дека е одличен татко, а во другите објави можеме да видиме дека Шон го наследил талентот на неговата мајка за музика.


Инаку, Бритни досега постојано истакнуваше дека нејзините момчиња ја сакаат приватноста и дека тие се нејзин благослов.

Да потсетиме, Бритни и Кевин Федерлајн беа во брак од 2004 до 2007 година.

извор:GLOSSY

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: