Многумина помислија дека е Ариана Гранде: Познатата манекенка со новата фотка ги збуни сите

Многумина помислија дека е Ариана Гранде: Познатата манекенка со новата фотка ги збуни сите

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Има сличности меѓу овие две познати личности

Познатата манекенка со една објава целосно ги збуни фановите. Ги збунила бидејќи многумина мислеле дека на фотката не е познатата манекенка, туку популарната пејачка Аријана Гранде. Набргу по таа објава, фановите почнаа да ги објавуваат своите објави и коментари на Твитер, а мораме да признаеме дека забележуваме разлика меѓу овие две познати ѕвезди.


Со новите објави на својот Инстаграм профил, Џиџи Хадид целосно ги збуни своите фанови кои мислеа дека таа е познатата пејачка Аријана Гранде, а не Џиџи. Нејзините фотографии каде изгледа како Аријана собраа повеќе од 2 ипол милиони лајкови, а во коментарите некои напишаа дека навистина мислеле дека тоа е таа. На фотографијата таа носи висока опашка, по која е позната Аријана, и шарен и разигран костим составен од здолниште, топ и јакна, така што целиот нејзин аутфит потсетува на модна комбинација која сигурно би ја носела познатата пејачка. Сличноста е очигледна и на двете фотки, а особено на онаа каде што Џиџи носи очила за сонце во облик на срце каде сличноста е повеќе од забележлива.



Покрај Инстаграм, лавина коментари за нивната сличност беа објавени и на Твитер, каде сите се согласуваат во едно, а тоа е дека славната манекенка навистина многу личи на Аријана Гранде. Некои дури и дадоа ново име како комбинација од двете имиња на овие познати девојки: „Не Аријана Гранде и не Џиџи Хадид туку АРИРИ ГРАНДИД“ - напишаа тие.

are you telling me that gigi is ariana's twin pic.twitter.com/nRzaRTddDw

— jorge (@aricheatcode) January 7, 2022

Фото насловна: Јутуб-Адријана Градне

Фото: Твитер

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: