Модата се враќа: ТикТок модни трендови кои ќе се носат во 2022 година
Без оглед на тоа дали имате ТикТок, не можеме да го занемариме влијанието кое оваа социјална мрежа го има на денешната мода. ТикТок инфлуенсерите денес служат како инспирација за тоа што е во мода, а што не.
Затоа денес, ви претставуваме неколку трендови кои ќе владеат во 2022 година:
# „Baggy“ панталони
Широките фармерки, беа на врвот на популарноста во 2000-тите, а со оглед на тоа дека инфлуенсерките денес претежно зимаат инспирација од т.н. Y2K мода, ова е одличен избор. Тесните фармерки се дел од минатото, а бидејќи денес сите носат широки фармерки, не очекувајте дека наскоро ќе се вратат во мода.
# Оверсајз дуксери
Денес удобноста е очигледно најголемиот аспект на облекување. И следниот ТикТок тренд одговара на тоа, а преголемите дуксери се нешто што не може да се избегне. Исто така, тие дуксери често се со натписи од американските универзитети. Се комбинираат со хеланки, а често се носат и како фустани.
# Очила за сонце од 90-тите
Ако не ви е најјасно што е ова, сетете се на очилата за сонце кои ги носеше Џенифер Анистон во „Пријатели“ или на Сара Џесика Паркер во „Сексот и градот“. Тие нека ви послужат како инспирација, кога ќе барате очила за ова лето.
# Кроп топ
Кратките маици се нешто што годинини наназад ги полнат нашите плакари, но денес се кренати на едно повисоко нив, може да се најдат изработени од најразлични материјали, од сатен до памук, но и различни кроеви.
# Air Force 1
Популарните бели патики беа задолжителен дел од „униформите“ на младите девојки во тектот на раните 2000-ти, а изгледа дека истото се случува и денес, со разлика во бојата. Од пастелни, до шарени, овој модел на патики се дел од ТикТок модата.
# Јакна - кошула
Карираните кошули од дебел материјал станаа главен избор за јакна, а не можете да влезете во продавница без да најдете барем една ваква кошула. Често се комбинираат со еднобојна комбинација, за да ја разбијат едноличноста.
# Здолниште со карнери
Овие здолништа се популарни уште од спотот на Бритни за песната „Baby One More Time“ се вратија во мода. Може да се носат со кошули за целосен „ученички“ изглед, или со маица со натпис, или пак со широк дуксер за поопуштен изглед.
# Качкети
Како што популарниот „bucket hat“ беше популарен минатата година, оваа тоа ќе биде качкетот. Супер е за прикривање на лошата фризура, или за нивната основна цел - заштита од сонце.
# Тренерки
Како што веќе споменавме, удобноста моментално е најважна, а има ли нешто поудобно од комплет тренерки? Последните неколку години, тренерките престанаа да бидат облека за тренинг, туку станаа дел од модното изразување. Познатите манекенки како Кендал Џенер и Џиџи Хадид во повеќе наврати беа уловени во тренерки.
фото: Принтскрин / Инстаграм